Фудбал

ЗЛАТНОТО МОМЧЕ КАКА

Златното момче на италијанскиот и бразилскиот фудбал, на денешен ден 2007 година ја освои златната топка без ниту една дамка или сомнеж за изборот. Кака, едноставно, беше најдобар на светот.

Повредите го спречија да го искаже сиот потенцијал што го поседува, премина во Реал со солзи, односно беше продаден за рекорден трансфер од Милан, од каде не сакаше никогаш да замине.

Кака го создаде името во редовите на росонерите, беше последен од романтичната фудбалска генерација на фудбалот на преминот меѓу двата века. По него, веќе немаше чист избор. Или имаше?