ГЕРМАНСКАТА ХЕВИ-МЕТАЛ ПЕТОРКА ВЛАДЕЕ СО ЕВРОПА
Објавено на: 29.11.2021
Одненадеж, германската тренерска школа го освои Стариот континент. Или, не е одненадеж? Да се осврнеме на најдобрите 5 германски тренери во моментов, каде тие работат и што имаат освоено. Да одиме со ред…
Јулијан Нагелсман (34) – рекорден тренерски трансфер од 25 милиони евра, од Лајпциг во Баерн Минхен, актуелен лидер во Бундеслигата. Не е лошо, нели?

Томас Тухел (48)- финале на ЛШ со ПСЖ 2020-та, пораз и отказ, финале и титула со Челси 2021-та. Актуелен лидер во Премиерлигата со Челси. Ич не е лошо, нели?

Јурген Клоп (54) – финале во ЛШ со Ливерпул 2018-та, пораз, финале и титула во ЛШ со Ливерпул 2019-та, титула во Премиерлигата 2020-та. Воопшто не е лошо, нели?

Ханс-Дитер Флик (56) – титула во ЛШ со Баерн Минхен 2020-та, актуелен селектор на Германија која прва од квалификациите се пласира на СП 2022. Нималку не е лошо, нели?

Ралф Рагник (63) – седна на жешката клупа на Манчестер Јунајтед, како привремено решение до крајот на сезоната. Ќе успее ли да ги стигне сонародниците?

Тројца од споменатите 5 се во Премиерлигата каде се вртат најголемите пари во фудбалот. На што се должи ваквиот прогрес и експанзијата на германската тренерска школа?