ГОРАНЕ, ВРАТИ СЕ!!!
Објавено на: 27.11.2021
Македонската фудбалска легенда Горан Пандев сега и треба на Македонија повеќе од кога и да е. Следниот наш противник во мундијалските квалификации е Италија.
Тоа е земјата каде Горан Пандев ги почна професионалните фудбалски чекори и земјата каде Гранде Гоче ги доживеа најсветлите клупски години во кариерата.

Италија го знае Горан, на Македонија и треба Пандев. Гоче ги излудува опонентите во италијанските натпреварувања, имаме историска шанса да се пласираме на едно СП.

Иако многупати по пензионирањето изјави дека нема шанси повторно да заигра за националниот дрес, дека таа приказна е завршена, еве на ден по финалната мундијалска квалификациска ждрепка ние уште еднаш го молиме – ГОРАНЕ, ВРАТИ СЕ!!!