Кошарка

ГО РАЗБУДИВТЕ ЅВЕРОТ, СЕГА МИСЛЕТЕ МУ ЈА

Кралот се враќа по суспензијата од еден натпревар со личен сезонски рекорд на постигнати поени и задржување на праксата во тековната сезона – составот на Лејкерс се уште нема пораз кога игра продолженија.

Во 4 натпревари од актуелниот НБА шампионат тимот од ЛА слави во дополнителните минути, а последна жртва беше екипата на Индијана која загуби со 116:124, откако во регуларниот дел беше 112:112.

Кралот Леброн Џејмс постигна 39 поени со 6 асистенции и 5 скока. Во ударите за три поени, првата ѕвезда на Градот на ангелите имаше реализација 5/12. Патем, по решавачкиот кош ја изведе big-balls прославата:

НБА и Стјуарт го разбудија ѕверот? Нека му ја мислат ако е така…