ИДНИНАТА НА БАРСЕЛОНА ВО ЕДЕН КАДАР?
Објавено на: 24.11.2021
Каталонската гордост одигра без голови против Бенфика во рамките на 5-то коло во Лигата на шампионите, што беше прв елитен натпревар за новиот кормилар на екипата од Камп Ноу.
На крајот на мечот, гостите имаа големо промашување преку брилијантната акција на Харис Шерифовиќ кој издрибла се живо, за на крајот да шутира само покрај левата статива.

Гави одигра цел натпревар, а Чави несебично делеше совети крај аут-линијата. На Барса и е потребна победа против Баерн Минхен во последното коло, за сигурен пласман понатаму.

Дали ова момче и овој стратег се иднината на Барселона?