ДАЛИ ВАЛВЕРДЕ Е СООДВЕТНО РЕШЕНИЕ ЗА МАНЧЕСТЕР?
Објавено на: 24.11.2021
Екипата на Јунајтед контактирала со поранешниот тренер на Барселона, да ја преземе улогата на преоден стратег на клупата на Црвените ѓаволи, пред да се најде трајно, или поточно подолгорочно решение.
Ернесто Валверде седеше на клупата на Барса во периодот од 2017-та до 2020-та и освои две титули во домашниот шампионат, но имаше две катастрофални сезони во Лигата на шампионите кога беше елиминиран од Рома и Ливерпул.

Првата спомената сезона (2018) не успеа да сочува 4:1 од Камп Ноу и загуби со 3:0 на Олимпико во Рим, а во другата (2019) не успеа да сочува 3:0 од Камп Ноу и загуби со 4:0 при гостувањето на Енфилд Роуд на реваншот.