Фудбал

ВНИМАВАЈТЕ, КАРИОКИТЕ СЕ ВРАЌААТ НА ГОЛЕМА ВРАТА

Селекцијата на Бразил се пласира на СП во Катар со импресивен скор остварен со генерација која има огромен потенцијал и која многу ветува, по 13 натпревари одиграни во рамките на квалификациската група во која никој не успеа да ги победи. До крајот има уште 5 кола.

Бразил победи на 12 меча постигнувајќи 27 гола, а последна жртва беше Колумбија која загуби со 1:0. Само четири гола беа постигнати во мрежата на бразилската репрезентација, која одигра и едно реми и која освен офанзивата, ја краси и дефанзивата, што на крајот на денот носи титули.

Кариоките се рекордери со 5 освоени светски титули, последната ја освоија 2002-та во Кореа и Јапонија со победата против Германија со 2:0. Оттогаш не знаат за пехарот на Жил Риме, а патем Германците ги уништија со 1:7 во полуфиналето на СП 2014 кое се одигра во Бразил.

Две денеции по последниот голем успех, Бразил повторно има одлична генерација фудбалери кои се гладни за трофеи. Ако Французите успеаја по 20 години (1998-2018) да го вратат пехарот дома, ќе успеат ли истото да го сторат и незаменливите фудбалски магионичари?