КОЈ Е ДАНИЕЛ КРЕТИНСКИ, ЧЕХОТ ШТО ВЛЕГУВА ВО ВЕСТ ХЕМ?
Објавено на: 11.11.2021
Англија станува мека за билионерите кои не знаат што да им прават на парите и се решаваат да вложат во фудбалот. Ова „не знаат“ е искористено во преносно значење, затоа што се однесува на количината на банкнотите кои ги поседуваат, а не на нивните бизнис способности.
Даниел Кретински вреди околу 4 милијарди американски долари, според Форбс. Тој е сопственик на енергетската компанија Енергитички, која е најголема во Централна Европа. Има акции и во францускиот весник Ле Монд, германскиот ритејлер Метро, Ројал Меил и Мејсис.

Акциите кои ги откупи во Вест Хем се со вредност од 180 милиони фунти, а вредноста на клубот ќе порасне на 700 милиони. Кретински, заедно со колегата Павел Хорски ќе имаат 27% од Вест Хем и двајцата ќе станат членови на бордот на англискиот фудбалски клуб.