Мотоспорт

МЕРЦЕДЕС ЈА ГУБИ ТИТУЛАТА?

Луис Хамилтон изјави дека Ред Бул има посилен болид оваа сезона од Мерцедес, по трката за ГН на Мексико на која триумфира Макс Ферстапен и на 4 Ф1 викенди до крајот има 19 бода предност пред Британецот.

Носителот на последните 4, односно вкупно 7 титули во кариерата, кој атакува на рекордната 8-ма во историјата на Формула 1 првенствата, кратко прокоментира и призна дека не е се така розово, годинава:

Ред Бул имаше одлична трка, јас го извлеков максимумот од мојот болид. Ако успеат да го пренесат моментумот и на следните трки, тогаш сме во неволја.

Може ли Холанѓанецот конечно да ја прекине германско-британската доминација во најбрзиот спорт на денешницата?