КОМЕНТАТОРОТ НА ХОКС БЕШЕ ОЧАЕН ВО КОМЕНТАРИТЕ ЗА КАРИ
Објавено на: 10.11.2021
Во натпреварот меѓу Голден Стејт и Атланта кој заврши со 127:113 за домаќинот, Стеф Кари постигна 50 поени со 10 асистенции, 7 скока, 3 украдени топки и 1 блокада за 35 минути поминати во игра.
Кога Кари пред крајот беше повлечен од игра за да биде поздравен од фановите, коментаторот на франшизата Хокс беше толку очаен во коментарите, што човек не знае дали беше сериозен или саркастичен:
Добро, во ред, има 50 поени, зошто е оваа фама? Бил МВП, има титули, кандидат е за Куќата на славните, што е толку посебно ако постигне 48 или 50 поени? Не ја сфаќам публиката.
Ја сфаќате ли вие побликата, а воедно и овој очаен коментар?