СОН ГИ ПОВРЗУВА СУДБИНИТЕ НА ТРИТЕ ПОСЛЕДНИ ТРЕНЕРИ НА ТОТЕНХЕМ
Објавено на: 07.11.2021
Јужнокореецот дојде во Премиерлигата во 2015-та година, додека тренер на топџиите (од 2014) беше Покетино. По заминувањето на Аргентинецот во 2019-та, се сменија тројца стратези и еден преоден играч-менаџер.
Португалскиот виртуоз Мурињо дојде 2019-та, по него на жешкото столче седна неговиот сонародник Нуно Еспирито Санто, а сега актуелен предводник на лондонската екипа е италијанецот Антонио Конте.

Последните тројца имаат едно нешто заедничко – првиот гол во нивните ери во Тотенхем, го постигнува Сон Хеунг-мин. Мурињо не се прослави во двете години, Нуно немаше шанса во краткиот престој од јуни до ноември.

Како ќе си помине Конте?