Фудбал

НОВИОТ КРАЛ НА МАДРИД ВЛАДЕЕ ЦВРСТО

Карим Бензема е новиот владетел во најтрофејната европска екипа, која игра беспрекорно во текот на новата домашна сезона. Кралевите имаат 27 бода од 12 меча и се на врвот на Примера, каде ги следи само Севиља.

Лидерот на новиот состав на мадриѓаните, кој атакува да се врати на престолот и да ја грабне титулата од соседот Атлетико, го има главниот збор во актуелната натпреварувачка година, во која ја напаѓа 35-та титула.

Карим Бензема има постигнато 10 гола на 11 меча, а на 7 натпревари кога стрелал во противничките мрежи има реализирано и по една асистенција за постигнување гол. Винициус на моменти му ја краде славата, но се знае кој е шерифот во градот, нели?