КОИ СЕ ВЕТЕРАНИТЕ ШТО ЈА СКАЛПИРАА БАРСЕЛОНА?
Објавено на: 06.11.2021
Каталонската гордост водеше со 0:3 по 34 минути во првото полувреме на гостувањето кај Селта во Виго и помисли дека работата е завршена, за нови три бода во шпанската лига. Но, домаќините мислеа поинаку и стрелаа во 52-та, 74-та и 90+6 минута.
Стрелци беа Аспаз (34) на првиот и третиот гол и Нолито (35) на вториот – двајцата повратници во Селта, двајцата поранешни фудбалери во Премиерлигата, во Ливерпул и Сити. Повозрасниот повеќе се израдува, затоа што не ја доби вистинската шанса кога играше за Барселона.

Двајцата во минатото беа повикани во составот на шпанската А селекција од страна на Винсенте дел Боске. Нолито (фото горе) играше, додека Аспаз го чекаше селекторот Лопетеги за да заигра за сениорската репрезентација на неговата земја.

По 12 кола во шпанската Примера, Барселона е на 9-та позиција со 17 освоени бода, Селта е на 14-та со 12. На последните 4 средби, Блауграна има два пораза и две реми средби, како добредојде за новиот тренер Чави…