Фудбал

МОЈС ГО СТИГНА СИТИ СО ТРОШКА ОД НИВНАТА ИНВЕСТИЦИЈА

Едно време, кога Фергусон одеше во пензија, на трибините на Олд Трафорд стоеше банерот – Избраниот, алудирајќи на ангажманот на Дејвид Мојс кој требаше да продолжи по стапките на легендарниот Сер Алекс. Од најавите не бидна ништо, а наслендикот беше избркан за некомплетна сезона.

Истиот тој Дејвид Мојс, кој правеше чуда со Евертон пред да дојде во Јунајтед, сега прави исти чуда со Вест Хем. На табелата е на четвртата позиција, со единствениот клуб кој не припаѓа таму горе, меѓу имиња како Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал.

Дали челниците и навивачите на црвените ѓаволи ќе зажалат што премногу рано го избркаа човекот, кој е единствениот менаџер на нивниот клуб, што освоил пехар во првата сезона на клупата?