Фудбал

ДАЛИ ЗЛАТАН ПРАВИЛНО ГО СОВЕТУВА МБАПЕ?

Ибрахимовиќ го постигна голот број 400 во националните лиги каде што настапувал, во победата на Милан кај Рома со 1:2. Росонерите остануваат лидери во калчото заедно со Наполи и Елмас, кои победија на гости кај Салернитана со 0:1.

Освен одличните партии на човекот кој ја потврдува дефиницијата за виното, кој станува се подобар со годините, Златан несебично му понуди совет на Килиан Мбапе:

Го сакам, но тој не дава доволно. Може да биде многу подобар, ако научи да се самоповредува. Му треба вкусот на крв, треба да почне да оди по оган.

Нека се обиде да се опкружи со луѓе кои постојано ќе му кажуваат дека не е доволно добар и само така ќе стане многу поодбар.

Совет на сите времиња?