Фудбал

МИЛЕР НЕ Е ОД ОВАА ПЛАНЕТА

Еден гол и три асистенции, во победата на Баерн Минхен против Унион Берлин со 2:5. Асистенција за првиот гол од игра, да се раздвижи тимот и гол во моментите кога сите застануваат, во 79-та минута при 2:4. Тоа е Томас Милер.

Креаторот и моторот на победата на Германија против Бразил со 1:7, го постигна првиот гол во полуфиналето на СП 2014-та, а воедно ги постигна првиот и четвртиот гол во понижувањето на Барселона во 1/4 финалето од ЛШ 2020-та, со 2:8.

Фудбалерот на Баерн Минхен никогаш не е меѓу извиканите, изрекламираните и преценетите фудбалери. Нуту, пак, е меѓу најплатените. Проценет е на 30 милиони евра, што е потпросечна цена за играч со учинок како неговиот.

Томас Милер е најпотценетиот фудбалер на денешницата?