НЕ НОСАМ ПОПИ ЗАТОА ШТО ЈА БОМБАРДИРАВТЕ СРБИЈА
Објавено на: 31.10.2021
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед влезе во игра кај гостите на 15 минути до крајот на мечот меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед, кој заврши со 0:3 и ново купено време на клупата на црвените ѓаволи за Оле Гунар Солскјер.
Српскиот репрезентативец не ја носеше популарната „попи“ ознака, или црвениот цвет, со кој се означува денот на паднатите британски борци кои го дале животот за својата земја во сите воени конфликти во кои учествувале.

Пред три години, Немања Матиќ јавно стави до знаење дека ги почитува симболот и посветеноста на Британците, но затоа што во 1999-та како 12 годишно дете го преживеал НАТО бомбардирањето на Србија, нема да го носи цветот.
Дел од јавноста го осудува, дел вели дека тој има право на личен избор, дел вели дека Немања Матиќ ја помешал историјата. Правилна ли е одлуката на српскиот интернационалец, кој го заработува лебот од англиската фудбалска каса?