ШАМПИОНСКИТЕ НОЌИ СЕКОГАШ НОСАТ РАРИТЕТНИ ДОСТИГНУВАЊА
Објавено на: 14.04.2021
Листата на рекорди и сезонава ќе биде долга, но по првите реванш 1/4 финални дуели, ги издвојуваме следните четири моменти за паметење:
- Мехди Тареми е првиот Иранец кој постигнал гол во 1/4 финалето, Порто победи со 0:1 против Челси, но беше елиминиран со вкупни 2:1.
- Иако е во оваа фаза првпат по 2014-та година, сепак Челси се пласира во 8-то полуфинале, повеќе од која било друга Англиска екипа.
- Кејлор Навас и ПСЖ го елиминираа шампионот Баерн Минхен, а голманот на францускиот тим никогаш нема загубено двомеч во кој настапувал.
- Баерн загуби на гол разлика со вкупни 3:3 (2:3, 0:1), но ја продолжи рекордната низа на гостински победи – 18 натпревари.
Остануваат уште две места во полуфиналето, ќе ги пополнат Борусија Дортмунд или Манчестер Сити (1:2), односно Ливерпул или Реал Мадрид (1:3).