Фудбал

ФАБРЕГАС ГО ОДБРА ИНИЕСТА КАКО НАЈДОБАР ШПАНЕЦ СО КОЈ ШТО ИГРАЛ

Од поранешниот играч од средниот ред на шпанската репрезентација, Сеск Фабрегас, кој сега е главен тренер на италијанскиот клуб Комо, побараа да избере помеѓу легендарни шпански фудбалери кој е најдобриот со кој што играл. 

За поранешниот играч на Арсенал, Барселона и Челзи немаше дилема, за него најдобар бил Андрес Иниеста.

Фабрегас играл и со Чави, Педри, Родри, Серхио Рамос, Пике, Јамал, Бускетс, Касиљас и Реина, но во сите случаи кога требаше да бира меѓу нив и Иниеста, Сеск го претпочиташе стрелецот на победничкиот гол во финалето на Светското првенство во 2010 година.