Фудбал

ПРЕМИЕРЛИГАШИТЕ СЕ ОБЕДИНИЈА ПРОТИВ СИТИ И ЊУКАСЛ

Фановите на Њукасл со знамиња на Саудиска Арабија го прославија превземањето на нивниот клуб од страна на Принцот и неговата IPF групација, но вестите кои доаѓаат од Англија нема да им се допаѓаат на новите сопственици.

Според одлуката на Премиерлигашите минус Манчестер Сити, донесено е ново правило во кое компаниите во кој сопственикот на клубот има удел не смее да биде дел од спонзорите. За пример, компанијата Итихад нема да смее да биде повеќе спонзор на Манчестер Сити, кои освен на дресовите се и спонзори на стадионот на Граѓаните.

Овој проблем ќе го имаат и новите сопственици на Њукасл, според одлуката на Премиерлигашкото здружение чија главна цел е нелојалната конкуренција и почитувањето на Фер плеј правилото.

Дали Арапите ќе најдат „дупка во правилата“, останува да видиме.