ИМАЛО НОВА ТЕПАЧКА ВО РЕАЛ МАДРИД, ТВРДИ ШПАНСКО РАДИО
Објавено на: 08.10.2026
Атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид продолжува да биде многу лоша. Работите не се подобриле ниту по доаѓањето на Жозе Мурињо во текот на летото, јавува „Кадена СЕР“.
„Проблемот е што атмосферата во соблекувалната е исто толку студена како и пред пет месеци“, тврди новинарот Антон Меана.
“Специјалниот” не успеал да ги подобри односите меѓу фудбалерите. Двајца од нив дури и се степале меѓу себе, соопштува радиото, но не ги открива нивните имиња.
Пред неколку месеци дојде до тепачка меѓу Орелиен Чуамени и Федерико Валверде во соблекувалната.
„Кадена СЕР“ исто така тврди дека во текот на неделата имало разговор меѓу Жозе Мурињо и Килијан Мбапе, во кој тренерот побарал од својот голгетер да биде подискретен во приватниот живот за да не биде толку коментиран, што внесува дополнителен притисок во соблекувалната и тимот.