Фудбал

ГРАНИТ ЏАКА ПОМИНА ЛЕСНО СО ОБВИНЕНИЕТО ЗА ЛАЖЕН КОВИД-СЕРТИФИКАТ

Капитенот на Швајцарија, Гранит Џака, е казнет со условна парична казна од 150.000 швајцарски франци поради користење фалсификуван ковид-сертификат.

Швајцарското јавно обвинителство во Луцерн му изрече казна од 50 дневни износи од по 3.000 франци, со условен рок од две години. Тоа значи дека Џака нема да мора да ја плати казната, доколку во наредните 24 месеци не направи ново кривично дело. Трошоците за судската постапка веќе ги подмирил.

Фудбалерот ја потврди одлуката и порача дека ја прифаќа одговорноста за својата постапка.

„Пред неколку недели кажав дека ја преземам одговорноста за мојата одлука. Останувам на тоа. Откако дадов целосен исказ пред јавното обвинителство, обвинителот донесе одлука. Со казнен налог сум осуден поради набавување лажна потврда на условна парична казна од 50 дневни износи од по 3.000 швајцарски франци, со условен рок од две години. Казната нема да биде извршена доколку во тој период не извршам ново кривично дело“, објави Џака.

Капитенот на Швајцарија воедно им се заблагодари на навивачите за поддршката што ја добил во изминатиот период.

Случајот беше откриен во септември, кога швајцарскиот „Блик“ објави дека против Џака е отворена истрага. Фудбалерот потоа призна дека во 2022 година набавил нерегуларен ковид-сертификат, објаснувајќи дека во тој период имал стравови и дилеми околу вакцинацијата против коронавирусот.

Поради целиот случај, Џака не настапи на двата натпревари против Македонија во Лигата на нации.