ЕКС ФУДБАЛЕР НА ТОТЕНХЕМ И СЕЛТИК СЕ КАНДИДИРАШЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФИФА
Објавено на: 08.10.2026
Поранешниот швајцарски репрезентативец Рамон Вега ја објави својата намера да се кандидира за функцијата претседател на Светската фудбалска федерација, ФИФА.
Вега кој има 55 години, е поранешен дефанзивец со солидна фудбалска кариера зад себе, во која ги бранеше боите на Грасхоперс, Тотенхем, Селтик, Вотфорд и Каљари. Имал и 23 настапи за швајцарската репрезентација. Откако се повлече во 2004 година, Вега го насочи своето внимание кон бизнисот и финансиите.
Фудбалот е на апарати за одржување во живот. Не можеме повеќе да чекаме. Потребни се фундаментални реформи, не само козметички прилагодувања“, рече тој.
Претседателските избори на ФИФА се закажани за 18 март 2027 година, во Рабат, Мароко. Џани Инфантино веќе објави дека ќе се кандидира за уште еден мандат на чело на светскиот фудбал.