Фудбал

РОНАЛДО ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА САМО АКО СЕЛЕКТОРОТ БИДЕ СМЕНЕТ

Кристијано Роналдо нема да се врати во репрезентацијата на Португалија додека Жорге Жезус е на чело на тимот. Ова го открива португалскиот новинар Руи Сантос во изјава за локалната редакција на „CNN Portugal“.

Големиот конфликт меѓу двајцата започна за време на натпреварот против Норвешка, на кој напаѓачот остана на клупата и не доби шанса за настап. Потоа Роналдо пропушти три тренинзи на репрезентацијата, а неколку часа пред дуелот со Данска го повика својот приватен авион и го напушти репрезентативниот камп.

„Тој е категоричен дека нема да се врати во репрезентацијата, или барем додека Жорге Жезус е на чело. Тој е исклучително незадоволен од начинот на кој се одвиваше целиот процес, а особено бил револтиран од изјавите на тренерот.

Тој воопшто не им верува на контрадикторните изјави – од една страна желбата да се врати во тимот и да настапи на натпреварите во Лигата на нации, а од друга страна категоричното потенцирање: никој не ми должи извинување, не сум тука да се извинувам, јас сум тој што го одредува составот“, изјави Сантос.

Четириесет и едногодишниот напаѓач најави дека во вистинскиот момент ќе ја открие вистината за причините кои довеле до неговата одлука да ја напушти репрезентацијата.

Во меѓувреме, претседателот на Португалската фудбалска федерација, Педро Проенса, исто така изјави дека вратата за Роналдо останува отворена. Тој случувањата ги опиша како „недоразбирање“ и најави дека ќе биде направен нов обид Роналдо да биде вратен во репрезентацијата за натпреварите против Данска и Велс во средината на ноември.РОНАЛД