Фудбал

КАЗНА СО БОДОВИТЕ НЕ Е ДОВОЛНА: ПРЕМИЕРЛИГАШИТЕ БАРААТ ИСФРЛАЊЕ НА МАНЧЕСТЕР СИТИ?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен.

Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни прекршувања на финансиските правила во периодот од 2009/10 до 2017/18 година, како и за најголемиот дел од обвиненијата поврзани со несоработка во истрагата.

Манчестер Сити ја отфрла пресудата и на 1 октомври поднесе жалба. Таа ќе ја разгледува нов тричлен независен панел, а постапката ќе биде затворена за јавноста.

Во меѓувреме ќе се одржи и посебно сослушување за казната. Можните санкции вклучуваат парична казна, одземање бодови, но и исфрлање од Премиер лигата.

Според „Скај Спортс“, меѓу ривалите постои став дека казната мора да ја одразува тежината и времетраењето на прекршоците. Некои клубови сметаат дека дури и исфрлање на Сити на една сезона не би било доволно строга санкција.

Како пример се посочува Евертон, кој за едно прекршување на финансиските правила во 2023 година првично беше казнет со одземање 12 бодови, а по жалбата казната беше намалена на шест.