Фудбал

ДОАЃААТ ОД ИСТ КЛУБ: ИГРАЧОТ НА МЕСЕЦОТ ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА Е ПОСТАР ОД ТРЕНЕРОТ НА МЕСЕЦОТ

Фудбалерот од средниот ред на Брајтон, Паскал Грос, беше прогласен за играч на месецот во Премиер лигата за септември. Овој 35-годишен Германец постигна два гола, а имаше и три асистенции на три натпревари, помагајќи им на Галебите да останат непоразени во текот на претходниот месец.

Грос ја освои наградата во конкуренција на соиграчот Харалампос Костулас, Мохамед Белуми (Хал Сити), Џејден Богл (Лидс), Александар Исак и Жереми Жаке (двајцата од Ливерпул), Кевин Шаде (Брентфорд) и Антоан Семенио (Манчестер Сити).

Само петмина играчи биле постари од Грос во моментот на добивање на оваа награда: Стјуарт Пирс (38 години и 10 месеци), Теди Шерингем (38 години и 6 месеци), Кристијано Роналдо (37 години и 2 месеци), Џанфранко Ѕола (36 години и 3 месеци) и Пол Сколс (35 години и 9 месеци).

Интересно е дека за најдобар тренер во септември е избран и тренерот на Брајтон, Фабијан Херцелер. Младиот германски стратег има само 33 години, па ова е прв пат во историјата на Премиер лигата, играчот и тренерот на месецот да бидат од ист клуб, а фудбалерот да биде постар од стратегот.