Фудбал

СЕДЛОСКИ: НЕ ГИ КРИТИКУВАЈТЕ ФУДБАЛЕРИТЕ, ТУКУ МЕНЕ!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, вели дека атмосферата во екипата е добра, иако резултатите не се посакуваните.

„Атмосферата во тимот е добра иако јасно е дека загубивме на првите два меча. Овие момци заслужуваат поддршка, критиките нека одат на моја сметка, но јас во договор со федерацијата решивме да продолжиме со овој процес кој го започнавме.” – вели селекторот Седлоски.

Селекторот се осврна и на долгиот период без постигнат гол.

„Сите не боли тоа што не можеме да дадеме гол, но што ако дадеме гол ако пак загубиме. Повторно потенцирам, овие играчи заслужуваат поддршка, а критиките нека одат на моја и на сметка на федерацијата.”