СТИГНА ОДГОВОР ОД БАРСЕЛОНА НА ОБВИНУВАЊАТА ОД АТЛЕТИКО
Објавено на: 28.08.2026
Трансфер сагата околу Хулијан Алварез дополнително ги влоши односите меѓу Барселона и Атлетико Мадрид. По жестоките обвинувања од извршниот директор на Атлетико, Мигел Анхел Хил Марин, сега пристигна одговор од потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте.
Алварез е една од главните теми во шпанските медиуми во последните денови, особено откако Барселона јавно потврди дека сака да го доведе аргентинскиот напаѓач уште ова лето.
Дополнителна тензија создаде и односот на навивачите на Атлетико кон Алварез, кои му приредија непријатен пречек при неговиот прв настап во новата сезона.
Барселона потоа повторно јавно го истакна интересот за Аргентинецот, нешто што предизвика жестока реакција во Мадрид.
Хил Марин го обвини раководството на каталонскиот клуб за лаги, недостиг на транспарентност и непрофесионализам во начинот на кој се однесува во целата трансфер сага.
Сега стигна и директен одговор од Барселона.
Барселона многу години е пример за професионализам во фудбалскиот свет. Изјавите на извршниот директор на Атлетико, Хил Марин, за нас и за Хулијан преминаа црвена линија и ме налутија.
Неговата реакција покажува дека ситуацијата веќе не е само трансфер битка за Алварез, туку прераснува и во отворен конфликт меѓу раководствата на двата шпански гиганти.
Барселона претходно потврди дека понудата за Алварез останува на маса и дека е подготвена да преговара доколку Атлетико одлучи да го продаде напаѓачот.
Каталонците веруваат и дека самиот Алварез е заинтересиран за преселба во Барселона, додека од Мадрид досега јавно инсистираа дека немаат намера да останат без него.
Како што се приближува крајот на преодниот рок, битката за Алварез очигледно станува сè пожестока, а сега во неа веќе директно се вклучија и највисоките функционери на двата клуба.