Фудбал

„HERE WE GO“ ПРОТИВ „PLETTIGOAL“: ФАБРИЦИО РОМАНО СЕ КАРА ПО КОМЕНТАРИ

Двајцата најпознати фудбалски трансфер-инсајдери, Фабрицио Романо и Флоријан Плетенберг, јавно влегоа во жестока расправија на социјалните мрежи, која за кратко време стана вирална.

Сè започна кога Плетенберг на платформата X напиша дека работата со трансферите станува „сè посмешна“. Во дискусијата беше споменат и Романо, кој одговори дека не е во конфликт со германскиот новинар и застана зад своите информации околу трансферот на Јан Диоманде во Реал Мадрид.

Набрзо следеше реакција од Плетенберг, кој го обвини Романо дека извртува факти и измислува детали за неговите објави. Германецот потенцираше дека никогаш не тврдел дека Манчестер Сити испратил официјална понуда за Диоманде, туку само дека бил подготвен да ја плати бараната сума.

Но, расправијата тука не запре.

Плетенберг го нападна Романо дека понекогаш објавува резултати од натпревари уште пред последниот судиски свиреж само за да биде прв, а потоа ги брише објавите ако резултатот се промени. Дополнително, го обвини и дека често не ги наведува новинарите или медиумите кои први објавиле одредени трансфер-информации.

Романо возврати со личен напад, откривајќи дека Плетенберг во минатото му барал совети како да го зголеми бројот на следбеници на социјалните мрежи и дека тогаш го сметал за свој пример.

Ја отвори Пандорината кутија

му порача Романо, додавајќи дека повеќе нема да му одговара.

Со тоа нивното долгогодишно ривалство за ексклузивни трансфер-информации прерасна во јавна пресметка, која предизвика огромен интерес кај фудбалските навивачи ширум светот.