ПАНАТИНАИКОС НЕ ЗАПИРА: ПО НАН И ЈАБУСЕЛЕ, ДОАЃА И ВЕСТБРУК?
Објавено на: 27.07.2026
Европската кошарка би можела да добие едно од најголемите засилувања во својата историја.
Според израелскиот портал Walla Sport, Панатинаикос сериозно размислува да го доведе поранешниот МВП во НБА лигата – Расел Вестбрук.
Сопственикот на грчкиот великан, Димитрис Јанакопулос, наводно е подготвен да му понуди договор вреден 5 милиони долари по сезона, со што Вестбрук би станал еден од најплатените кошаркари во Европа, рамо до рамо со Василије Мициќ и Кендрик Нан.
Но, Вестбрук не е единствената НБА ѕвезда на листата на желби. Панатинаикос го следи и Дианџело Расел, кој исто така е слободен агент. Сепак, двајцата најпрво ќе ги разгледаат можностите за останување во НБА, пред да донесат конечна одлука за својата иднина.
Во игра е и 26-годишниот Брендон Вилијамс, кој зад себе има одлична сезона во дресот на Далас.
Панатинаикос веќе состави импресивен тим за новата сезона. Покрај Кендрик Нан, Костас Слукас, Матијас Лесор, Џеријан Грант, Хуанчо Ернангомез и Најџел Хејс-Дејвис, клубот ги доведе и Исак Бонга, Герсон Јабуселе, Мустафа Фал и Бранко Бадио.
Расел Вестбрук има 37 години и е една од најголемите легенди во историјата на НБА. Во 2017 година беше прогласен за најкорисен играч (МВП), девет пати настапи на Ол-стар натпреварот и е рекордер во НБА со 209 трипл-дабл учиноци. Минатата сезона настапуваше за Сакраменто, а доколку ја прифати понудата, неговото доаѓање би претставувало вистински земјотрес во европската кошарка.