НЕ Е ШЕГА: ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВА РАБОТЕШЕ КАКО ФОТОГРАФ НА ФОРМУЛА 1
Објавено на: 26.07.2026
Покрај победата на Ландо Норис на Големата награда на Унгарија, внимание привлече и чешкиот претседател Петр Павел, но не поради политиката.
За разлика од повеќето државници кои ваквите настани ги следат од ВИП ложите, Павел на патеката Хунгароринг се појави со официјална акредитација од ФИА, како фотограф.
Со професионален фотоапарат во рацете и во друштво на чешкиот фотограф Јиржи Кренек, претседателот ги фотографираше болидите, возачите и случувањата покрај патеката како дел од официјалниот фотографски тим.
View this post on Instagram
Ова, сепак, не е негово прво вакво искуство. Павел и претходно работел како фотограф на автомобилистички трки, бидејќи мотоспортот е една од неговите најголеми страсти.
Иако сцената изгледаше необично, чешкиот претседател уште еднаш покажа дека функцијата не мора да биде пречка човек да ужива во своето хоби, па дури и на една од најголемите трки во календарот на Формула 1.