МИЛАН СО СЕНЗАЦИОНАЛЕН ТРАНСФЕР ВО НАЈАВА
Објавено на: 03.07.2026
Милан подготвува вистинска трансфер-бомба за летниот преоден рок. Според пишувањата на Газета дело Спорт, росонерите сериозно размислуваат за ангажман на Вирџил ван Дајк, капитенот на Ливерпул и холандската репрезентација.
Клубот од Сан Сиро ова лето ја промени трансфер-стратегијата со цел повторно да се врати во Лигата на шампионите. На клупата пристигна Рубен Аморим, а веќе беше претставено и првото големо засилување, португалскиот напаѓач Гонсало Рамос, кој доаѓа од ПСЖ во трансфер вреден 75 милиони евра.
Според италијанскиот весник, следната голема желба на Аморим е токму Ван Дајк. Холандскиот дефанзивец има уште една година од договорот со Ливерпул, а Милан се надева дека тоа би можело да ја олесни реализацијата на трансферот.
Најголемата пречка во моментов е неговата плата. Ван Дајк на Енфилд заработува околу 13 милиони евра нето годишно, сума што значително ги надминува актуелните финансиски рамки на Милан.
Сепак, во Милано веруваат дека би можеле да го убедат 34-годишниот стопер со долгорочен договор и со проект во кој би бил лидер на новата екипа на Рубен Аморим.
Доколку трансферот се реализира, тоа би било едно од најголемите засилувања во Европа ова лето и јасен сигнал дека Милан повторно има највисоки амбиции