ПОСЛЕДНИОТ ПОЕН НА ЛИНА ЗА ПЛАСМАН НА ВИМБЛДОН (ВИДЕО)
Објавено на: 25.06.2026
Последниот поен беше само почеток на славјето.
Со победата над Луција Бронзети од 6-1 и 6-2, Лина Ѓорческа испиша историја како прва македонска тенисерка што обезбеди место во главната ждрепка на Вимблдон, но една од најубавите сцени се случи веднаш по завршувањето на мечот.
Во видеото што го објавија организаторите може да се слушне силен крик и огромна еуфорија од Лина и нејзиниот табор. Нејзиниот тим експлодираше од радост во моментот кога Лина го освои победничкиот поен, испишувајќи нова страница од македонскиот спорт.
И самата Ѓорческа не можеше да ги сокрие емоциите. По последниот поен следуваше извик на олеснување и среќа, а потоа поглед кон својот тим, кој бурно го прослави најголемиот успех во нејзината кариера.
Ова е првпат македонски тенисер или тенисерка да се пласира на главниот турнир на еден од четирите гренслем турнири, па не е чудно што емоциите беа огромни.
Погледнете го видеото од моментот кога Лина Ѓорческа и нејзиниот тим сфатија дека испишаа историја.