Ракомет

ВАРДАР СО ДОБРА ЖДРЕПКА: ЕВЕ СО КОГО ЌЕ ИГРА ВО ЛШ

Ракометарите на Вардар ги добија противниците за групната фаза од Лигата на шампионите за сезоната 2026/27, во која по пауза од 4 години повторно ќе бидат дел од елитното европско клупско натпреварување.

Македонскиот шампион беше сместен во четвртиот шешир пред ждрепката, но може да биде задоволен од исходот. Црвено-црните ќе настапуваат во групата Б, каде за ривали ги добија Нант, Мелсунген и Висла Плоцк.

Иако станува збор за квалитетни европски екипи, Вардар избегна неколку од најголемите фаворити од првиот шешир, меѓу кои Барселона, Магдебург и Берлин, па во таборот на македонскиот првак сигурно ќе веруваат дека можат да се борат за висок пласман.

Новиот формат на Лигата на шампионите оваа сезона ќе брои 24 екипи. Двете најдобропласирани екипи од секоја група директно ќе обезбедат место во следната фаза од натпреварувањето, додека третопласираните и четвртопласираните ќе ја продолжат сезоната во ЕХФ Европската лига.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне на 9 и 10 септември, кога Вардар ќе го стартува својот нов европски предизвик со желба повторно да биде конкурентен на највисокото ниво.