Фудбал

ШАМАН ОД ГАНА ФРЛИЛ ВУДУ МАГИЈА ВРЗ КЕЈН?

Светското првенство отсекогаш носело необични приказни, но оваа што доаѓа од кампот на Гана и Англија сигурно е меѓу најбизарните.

Во пресрет на натпреварот меѓу двете репрезентации, познатиот шаман од Гана, Нана Кваку Бонсам објави дека работи на тоа да го спречи капитенот на Англија, Хари Кејн, да одигра добар натпревар.

Бонсам не е непознат за јавноста. Тој уште во 2014 година тврдеше дека токму неговите магии биле причина за проблемите со коленото на Кристијано Роналдо за време на Светското првенство во Бразил. Сега неговата нова „мета“ е напаѓачот на Англија и Баерн Минхен.

Но приказната доби уште поневеројатен пресврт.

Откако шаманот јавно најави дека ќе користи вуду магија против Кејн, во негова одбрана застана светски познатиот бајач, Ури Гелер.

Во изјава за британските медиуми, Гелер порача дека ќе направи сè за да го заштити англискиот капитен.

Ќе ја поништам магијата. Ќе направам се за таа да не влијае на Кејн.

Тој додал дека пред натпреварот ќе испрати позитивни вибрации и ќе ја искористи целата своја енергија и знаење за да спречи негативното влијание да стигне до Кејн.

Ќе ги активирам сите мои способности, целата моја енергија и знаење за да спречам неговите негативни вибрации да го погодат Хари Кејн.

Иако ваквите тврдења многумина ги сфаќаат со доза на хумор, приказната брзо се прошири низ светските медиуми и социјалните мрежи.

Додека Англија и Гана се подготвуваат за важниот натпревар на теренот, надвор од него очигледно се води сосема поинаква битка, онаа меѓу вуду магијата и позитивните вибрации.