ВТОРО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА БАРСЕЛОНА ОД АНГЛИЈА
Објавено на: 30.05.2026
Барселона е на чекор до уште едно големо засилување ова лето. По завршувањето на трансферот на Ентони Гордон, каталонскиот клуб според последните информации, постигнал договор и со Бернардо Силва.
Како што пренесува новинарот Алфредо Мартинез, Барселона и португалскиот ас договориле двегодишна соработка, па досегашниот капитен на Манчестер Сити би требало да пристигне како слободен играч по истекот на договорот во Англија.
Бернардо Силва наводно ќе потпише договор до 2028 година, а иако претходно се споменуваше можност за дополнителна година, засега не е познато дали таа клаузула ќе биде дел од конечниот договор.
Португалецот, според информациите, ќе заработува околу осум милиони евра годишно, што е значително помалку од платата што ја имаше во Манчестер Сити.
Посебно внимание привлекува фактот што Силва ја одбил и понудата на Атлетико Мадрид, иако таа била финансиски поповолна од онаа на Барселона. Шпанските медиуми тврдат дека 31-годишниот фудбалер со години сонувал за трансфер на Камп Ноу и токму затоа го избрал актуелниот шампион на Шпанија.
Во Барселона гледаат на Силва како на идеално краткорочно решение, играч што носи искуство, лидерски квалитети, победнички менталитет и голема тактичка разновидност, нешто што би можело да биде важно во новата ера на клубот.