Тенис

НОВАК ЗБЕСНА: КАМЕРМАНОТ МОРАШЕ ДА БИДЕ СМЕНЕТ

На Ѓоковиќ не му одеше по вториот сет, а нервозата може да се каже дека ја предизвика ни повеќе ни помалку туку камерманот од терен.

Српскиот ас влезе во конфликт со камерман покрај теренот за време на мечот против Жоао Фонсека, а ситуацијата заврши со смена на членот на продукцискиот тим.

Инцидентот се случил меѓу вториот и третиот сет, во момент кога Ѓоковиќ имал предност од 6:4, 6:4 против 19-годишниот Бразилец. По физички напорниот втор сет, Србинот барал момент за одмор и концентрација во тешките услови во Париз.

Но камерманот, обидувајќи се да сними кадар од поблиску, очигледно преминал граница што не му се допаднала на Ѓоковиќ.

Видно изнервиран, Новак реагираше со гестикулации и му порача:

За име божјо, направи простор.


Коментаторите на преносот веднаш ја забележале необичната сцена, а според нивните информации, помошниот судија интервенирал за да го предупреди камерманот колку блиску смее да се доближува до играчите.

Набргу потоа следувал и неочекуван потег: камерманот бил заменет пред почетокот на третиот сет.

Инцидентот доаѓа по неколку моменти на нервоза кај Ѓоковиќ во Париз, бидејќи претходно покажуваше незадоволство и од атмосферата на трибините за време на мечот со Валентен Роаје.

Интересно, дуелот со Фонсека е прв официјален меѓусебен меч меѓу двајцата, а младиот Бразилец и самиот претходно откри дека токму Ѓоковиќ е негов идол. Денес, можеби му се оствари и најголемиот сон, да го совлада својот ривал, со голем пресврт од 0:2 до 3:2.