ЧЕФЕРИН ГО ЗАБОРАВИ МАРКИЊОС, ДЕМБЕЛЕ ГО СПАСИ
Објавено на: 31.05.2026
Парижаните ја одбранија европската круна по голема битка која беше решена дури по изведувањето пенали. По 120 минути игра резултатот беше 1:1, а трагичар на Арсенал стана Габриел, кој во петтата серија шутираше над голот и му го отвори патот на ПСЖ кон нова европска титула.
По доделувањето на медалите за фудбалерите на Арсенал, на ред дојдоа новите шампиони. Токму тогаш се случи моментот што брзо стана хит на социјалните мрежи.
Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, најпрво му ја врачи медалјата на Oсман Дембеле, а потоа се сврте кон трофејот мислејќи дека токму Французинот треба да го подигне. Но Дембеле веднаш реагираше и му даде до знаење дека направил грешка.
Францускиот напаѓач му посочи дека тој не е капитен на ПСЖ и дека зад него стои Маркињос, вистинскиот лидер на тимот. Чеферин веднаш сфати што се случува, му се извини на бразилскиот дефанзивец и потоа правилно му ги врачи медалјата и трофејот.
Aleksander Ceferin allait oublier Marquinhos 🇧🇷. 🤣🤣
🎥 @footballontnt pic.twitter.com/P5etP5q512
— Actu Foot (@ActuFoot_) May 30, 2026
Брзата реакција на Дембеле спречи непријатен момент кој сигурно долго ќе се прераскажуваше, а токму таа сцена, речиси колку и самото финале, стана една од најкоментираните приказни по европската ноќ во Будимпешта.