Фудбал

ДАРВИН ИЗНЕНАДУВАЧКИ СЕ ВРАЌА ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА?

Изненадувачки трансфер би можел да се случи ова лето, бидејќи Дарвин Нуњез наводно е отворен за враќање во Премиер лига, само една година по заминувањето од Ливерпул.

Уругвајскиот напаѓач минатото лето премина во Ал Хилал, но периодот во Саудиска Арабија не се одвива според очекувањата. По доаѓањето на Карим Бензема во јануари, Нуњез бил исфрлен од лигашкиот состав за да се ослободи место за Французинот.

Според англиските медиуми, 26-годишниот напаѓач побарал да си замине од клубот, а разговорите за раскин на договорот вреден околу 400.000 фунти неделно сè уште траат.

Во меѓувреме, се појави и изненадувачки кандидат за неговиот потпис, саудискиот Њукасл.

Клубот има сериозни проблеми во нападот по заминувањето на Александер Исак во Ливерпул, а скапите засилувања досега не ги оправдаа очекувањата. Токму затоа дел од англиските аналитичари сметаат дека Нуњез би можел да биде интересна опција за враќање во англискиот фудбал.

Иако засега нема официјални преговори, јасно е дека иднината на Уругваецот повторно станува една од поинтересните трансфер-приказни ова лето.