Фудбал

ЛУДИЛО КАКВО ШТО ИМА САМО ВО БРАЗИЛ: СЛАВЈЕТО ЗА ПОВИКУВАЊЕТО НА НЕЈМАР ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА (ВИДЕО)

Во Бразил со месеци се дебатираше дали Нејмар ќе добие место за Светско првенство 2026. Карло Анчелоти постојано ги намалуваше очекувањата, зборувајќи за физичката подготвеност, ритамот на натпревари и фактот дека никој нема загарантирано место само поради своето име.

Но кога италијанскиот стратег конечно го прочита списокот, следуваше сцена каква што ретко се гледа. Во моментот кога Анчелоти го изговорил името на Нејмар, салата експлодирала, аплаузи, извици и ерупција од емоции ја преплавиле атмосферата, а цел Бразил сфатил дека нивната најголема ѕвезда се враќа на најголемата сцена.

Анчелоти по објавата објасни зошто сепак се решил за повик до напаѓачот.

Нејмар е многу важен играч за оваа земја поради талентот што отсекогаш го покажувал. Имаше проблем, се опоравува, напорно работи и во последниот период значително напредува.

Тој потенцираше дека влијанието на Нејмар оди многу подалеку од теренот.

Нејмар е многу сакан. Не само од луѓето, туку и од самите играчи.

Иако Бразил на Мундијалот ќе настапи со низа големи имиња, враќањето на Нејмар целосно ја засени останатата листа и повторно ја запали надежта кај бразилските навивачи.