Фудбал

НА БАЕРН МУ ПОДМЕТНАЛЕ ПОНИЖУВАЧКО ЗНАМЕ

Неверојатен дерби-хаос ја одбележа шампионската прослава на Баерн Минхен во Минхен денес. 

Додека илјадници навивачи ја славеа 35-тата титула на клубот на Мариенплац, низ толпата се појавило огромно знаме со логото на Баерн, кое на прв поглед изгледало како официјален дел од прославата.

Но, кога камерата ја фатила целата порака одозгора, станало јасно дека станува збор за дерби-подметнување од навивачи на Минхен 1860.

Наместо класичниот испис, на банерот стоела навредлива порака насочена кон Баерн, а на него дополнително било испишано и „1860“. Пораката во буквален предлог е „сељаци и к*рвини синови“.

Според германските медиуми, токму фанови на градскиот ривал стојат зад целата акција.

Ситуацијата станала уште понепријатна бидејќи спорниот банер јасно се гледал и на официјалните фотографии од шампионската прослава.

Интересно е што Мануел Нојер прв забележал што се случува и веднаш реагирал, по што стадионскиот спикер се обидел да ја смири ситуацијата и да го тргне банерот.

Но веќе било предоцна.

Така, среде официјалната прослава на титулата, навивачите на 1860 Минхен успеале да изведат една од најголемите дерби-пранк акции во последните години