ИМА И ТАКВИ: ОДБИ ПОВИК ЗА СВЕТСКО
Објавено на: 16.05.2026
Голем скандал ја тресе репрезентацијата на Тунис пред Светско првенство 2026, откако младиот напаѓач Луи Бен Фархат отпадна од списокот по необичен потег на неговиот татко.
19-годишниот офанзивец на Карлсруе неодамна дебитираше за Тунис и важеше за едно од најинтересните млади имиња во репрезентацијата, но селекторот Сабри Ламуши откри дека добил неочекуван телефонски повик.
Утрово ме се јави таткото на Луи Бен Фархат. Ми кажа дека е прерано неговиот син да игра на Светско првенство и ја одби поканата. Бев шокиран.
Селекторот потоа се обидел директно да стапи во контакт со играчот, но безуспешно.
Му се јавив на Луи, не одговори. Повторно го барав татко му, ниту тој не се јави. Тоа е непочитување. За мене, приказната е завршена.
По целиот инцидент, младиот напаѓач бил исфрлен од списокот за Мундијалот.
Во меѓувреме, туниските медиуми шпекулираат дека семејството и менаџерскиот тим на играчот стравувале евентуален неуспех на Светското првенство да не влијае негативно врз неговата пазарна вредност и можен трансфер во Бундеслига.
Бен Фархат оваа сезона се проби во дресот на Карлсруе и веќе е следен од неколку германски клубови, па целиот случај предизвика огромни реакции во Тунис.