ТРЕТА МАЈКА ЗА ДОБИВКА НА ИГОР ТРПЕСКИ
Објавено на: 15.05.2026
Влегуваме во самиот расплет на сезоната, период кога секој бод вреди „злато“, а натпреварите стануваат се’ поотворени и понеизвесни.
И иако две недели по ред нашиот ТИКЕТ НА КОЛОТО „паѓа“ за само еден натпревар, овој пат сме оптимисти дека е време за „трета среќа“ и конечен погодок. На програмата има неколку супер интересни натпревари, а јас избрав 5 парови кои имаат навистина реални шанси да поминат.
Со уплата од 200 денари, потенцијалната добивка е 3.345, а ако веќе го играте тикетот, не заборавајте на HAPPY HOUR бонусот во Златна копачка за 10% поголема добивка секој викенд од 9 до 11 часот наутро и 9 до 11 часот навечер!
Еве што играме викендов:
АРСЕНАЛ vs БАРНЛИ: 1-1 & 2+
Арсенал се бори за титула и кога игра дома ретко остава простор за изненадувања, особено против екипи од долниот дел на табелата. Верувам дека топчиите уште од самиот старт ќе наметнат темпо и ќе водат на пауза, а со оглед на нивниот офанзивен стил на игра, прогнозирам најмалку 2 гола на мечот.
ЊУКАСЛ vs ВЕСТ ХЕМ: T1 2+
Њукасл на домашен терен игра отворено и создава огромен број шанси, додека пак Вест Хем сезонава има проблеми со одбраната во гости, па не би ме изненадило домаќините сами да постигнат 2 или повеќе гола уште во првото полувреме.
АТЛЕТИК БИЛБАО vs СЕЛТА: GG
Билбао на домашен терен е фаворит, но Селта е тим кој знае да казни ако ѝ оставиш доволно простор. Токму затоа очекувам натпревар со шанси на двете страни и голови во двете мрежи.
ЏЕНОВА vs МИЛАН: 2P 2+
Милан често игра далеку поотворено во второто полувреме, додека пак Џенова никогаш не се затвора целосно кога игра дома. Мојата претпоставка е дека играта ќе се отвори после паузата и ќе паднат најмалку 2 гола во вторите 45 минути.

КОМО vs ПАРМА: 1-3 1P & 1+ 2P
И Комо, И Парма играат максимално офанзивно на отворањето на натпреварот па затоа очекувам максимум 3 гола во првото полувреме. Во вториот дел очекувам уште најмалку 1 погодок затоа што и две екипи играат доста офанзивно.
Кодот за брза уплата на овој тикет е: 137063