СИНЕР Е НА ЧЕКОР ОД РЕКОРДОТ НА ЃОКОВИЌ
Објавено на: 14.05.2026
Јаник Синер продолжува да испишува тениска историја и сè повеќе се доближува до еден од најимпресивните рекорди на Новак Ѓоковиќ.
Со победата на Мастерсот во Рим, Италијанецот стигна до 31 последователна победа на турнири од Мастерс 1000 серијата и така се израмни со рекордот што Ѓоковиќ го постави уште во легендарната 2011 година. Со следна победа, ќе успее и да го надмине и да стане првиот тенисер кој успеал да врзе 32 победи во Мастерс 1000 серијата.
Синер веќе со месеци игра во неверојатна форма. Во низа ги освои турнирите во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло и Мадрид, а притоа речиси и да не губи сетови. Неговата доминација е толку голема што многумина веќе почнаа да го споредуваат со големата тројка, Ѓоковиќ, Федерер и Надал.
Сепак, самиот Синер останува приземјен и смета дека ваквите споредби доаѓаат како резултат на долгогодишна работа, а не на моментален блесок.
Интересно е што токму Ѓоковиќ оваа година успеа да го сопре Синер во полуфиналето на Австралија Опен, во еден од најдраматичните мечеви сезонава.
Но, Италијанецот повторно се врати во ритам и сега е на чекор да стане единствениот тенисер во историјата со 32 последователни победи на Masters 1000 турнирите. Ако продолжи со истото темпо, ќе го надмине токму рекордот на човекот кого многумина го сметаат за најдобар тенисер на сите времиња.