Тенис

СЕНЗАЦИЈА ВО РИМ: ГО ПОБЕДИ НОЛЕ, ПА МУ НАПИША ПОРАКА

Дино Прижмиќ ја приреди сензацијата на Мастерсот во Рим и по голем пресврт го елиминираше Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови.

Младиот Хрват го загуби првиот сет со 6-2, но потоа целосно го сврте мечот и со одлична игра ги доби следните два сета со 6-2 и 6-4 за најголемата победа во својата кариера.

За 20-годишниот тенисер ова е уште еден доказ дека се работи за огромен талент. По победата над Бен Шелтон во Мадрид, сега успеа да го совлада и еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

Особено импресивен беше начинот на кој го одигра решавачкиот сет, без ниту една брејк-топка за Ѓоковиќ, со сигурен сервис и огромна ментална стабилност во клучните моменти. Натпреварот го заврши со ас сервис, по што следуваа овации од публиката во Рим.

По крајот на мечот, Прижмиќ остави и порака што брзо ги освои тениските фанови. На камерата напиша:

Ноле, ми беше чест.

Гест што покажа почит кон легендата, но и момент што јасно најавува дека на тениската сцена пристигнува ново големо име.