Фудбал

МЕСТО ДА СЛАВАТ ТИТУЛА, УЛТРАСИТЕ ГО ПРЕКИНАА НАТПРЕВАРОТ (ВИДЕО)

Хаос во дербито на Славија Прага и Спарта Прага. Натпреварот беше прекинат буквално на неколку минути пред домашниот тим да ја прослави титулата.

Славија водеше 3-2 во судиското продолжение и беше на чекор од шампионска еуфорија, кога неколку стотици навивачи влетаа на теренот со пиротехника и предизвикаа целосен хаос.

Ситуацијата дополнително ескалираше по инцидентот со голманот на Спарта, Јакуб Суровчик, кој теренот го напуштил повреден по конфликт со навивачите.

Поради безбедносни причини, гостинскиот тим одбил да го продолжи натпреварот, по што играчите на Спарта се упатиле директно во автобусот и го напуштиле стадионот.

Сега целата ситуација е во рацете на челниците на чешката лига, кои треба да донесат одлука за епилогот на натпреварот.

Апсурдно сценарио кое на крај може да ги чини добиена титула да се изгуби?