Фудбал

САЛАХ ГИ ОДБИВА САУДИЈЦИТЕ ЗА ДА ОСТАНЕ ВО ЕВРОПА?

Мохамед Салах е на чекор од голема одлука што може да ја изненади фудбалската јавност. Иако долго време се очекуваше трансфер во Саудиска Арабија, ѕвездата на Ливерпул сè повеќе се врзува со останување во Европа.

По најавата дека ќе го напушти клубот ова лето, интересот од Блискиот Исток беше сериозен, но новите информации сугерираат поинаков развој. Салах сака да продолжи да игра на највисоко европско ниво, а како најреална дестинација се споменува Фенербахче.

Турскиот гигант веќе остварил контакти со неговиот агент и одржал неколку состаноци во обид да го убеди Египќанецот да се пресели во Истанбул. Се шпекулира дека Салах бара плата од околу 20 милиони евра годишно, што е сериозен финансиски предизвик, но и сигнал дека сака да остане конкурентен на највисоко ниво.

Фенербахче е еден од најголемите клубови во Турција, со богата историја и огромна база на навивачи, но оваа сезона заостанува во трката за титулата зад големиот ривал Галатасарај.

Доколку трансферот се реализира, тоа би бил еден од најзвучните трансфери ова лето и јасен знак дека Салах сè уште има амбиција да остане на европската сцена, наместо да замине по финансиски мотиви.