Фудбал

ТРИТЕ УСЛОВИ НА МОДРИЌ ЗА ДА ОСТАНЕ ВО МИЛАН

Иднината на Лука Модриќ во Милан сѐ уште не е целосно сигурна, иако клубот има опција да му го продолжи договорот до 2027 година.

Според информациите од италијанските медиуми, хрватскиот ветеран веќе поставил три јасни услови доколку треба да остане и следната сезона.

  • Првиот: Милан да обезбеди пласман во Лигата на шампионите
  • Вториот: Масимилијано Алегри да остане на клупата
  • Третиот: клубот да има конкурентен проект и амбиции за трофеи

Модриќ, кој минатото лето пристигна како слободен играч по долгата ера во Реал Мадрид, оваа сезона е еден од клучните играчи на тимот. Тој стартуваше на 30 од 32 натпревари во Серија А, што доволно говори за неговата важност.

Од друга страна, иднината на Алегри исто така е под знак прашалник, бидејќи се поврзува со селекторската позиција во Италија. Сепак, самиот тренер најави дека не е склон кон чести промени и можно е да остане барем уште една сезона.

Јасно е дека Модриќ не гледа само на договорот туку на целиот проект. Oдлуката дали ќе остане во Милано ќе зависи од тоа дали клубот може да ги исполни неговите амбиции.