ФАНОВИТЕ РАЗОРАЧАНИ: ЃОКОВИЌ ОТКАЖА УШТЕ ЕДЕН НАСТАП
Објавено на: 18.04.2026
Новак Ѓоковиќ повторно ги разочара навивачите откако официјално објави дека нема да настапи на турнирот во Мадрид оваа година.
Српскиот тенисер потврди дека го прескокнува Мадрид Опен, нагласувајќи дека сè уште е во фаза на опоравување и не сака да ризикува предвремено враќање.
Мадрид за жал оваа година нема да можам да настапам на турнирот Продолжувам со опоравување за да се вратам што е можно побрзо Се гледаме наскоро.
Ова е уште еден сигнал дека Ѓоковиќ внимателно го темпира своето враќање на терените, со јасен фокус на целосно закрепнување.
Неговиот изостанок е сериозен удар за турнирот, кој традиционално е еден од најсилните пред Ролан Гарос.
Сепак, одлуката покажува дека за Ѓоковиќ во моментов најважно е здравјето со цел да се врати на највисоко ниво кога ќе биде целосно подготвен.