ОТКРИЕНО ШТО МУ КАЖА ЃУЛЕР НА ВИНЧИЌ
Објавено на: 19.04.2026
Драмата по натпреварот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид сè уште не стивнува, а сега е откриен и клучниот момент што доведе до нов скандал.
По контроверзното исклучување на Едуардо Камавинга, тензиите ескалираа по последниот судиски свиреж. Играчите на Реал го опколија судијата Славко Винчиќ, револтирани од одлуките што, според нив, го решија натпреварот.
Меѓу најгласните беше Арда Ѓулер, кој и покрај поразот одигра одличен натпревар. Но, токму неговата реакција доведе до нов проблем. Долго време се шпекулираше што точно му кажал на судијата, а сега е откриено:
Ти си еден од најлошите судии што сум ги видел.
Оваа реченица, покрај бесната гестикулација на Турчинот, беше доволна Винчиќ веднаш да му покаже црвен картон и дополнително да ја заокружи хаотичната вечер за Реал.
Поради ова исклучување, Ѓулер ќе ги пропушти првите натпревари од следната сезона во Лигата на шампионите.
Целиот случај отвори нова дебата, дали судијата бил престрог или играчот ја преминал границата.